 |
|
|
 |
 |
|
 |
 |
 |
 |
Сите понуди направени од страна на Шпедитерот, доколклу истата не содржи датум на валидност, се од информативна природа исклучиво.
Сите понудени цени треба да се базирани на тарифи, дневници,
трошоци за социјално осигурување и/или законски прописи, возарини и девизни курсеви кои се важечки во време на котирањето или договорот. При промена на некој или повеќе од овие фактори, понудената или договорена цена треба да биде соодветно и ретроактвно променета во време кога настанала промената. Шпедитерот треба да е во можност да ја докаже настанатата промена, на база на своја слободна воља без никаква обврска.
Доколку не е поинаку определено, all-in или фиксните тарифи не треба
да ги вклучуваат следните трошоци: царината, такси и даноци, трошоци за издавање на банкарска гаранција и осигурителни премии.
За работа од специфична природа, невообичаена работа или работа која бара посебно време или труд, може да се наплати дополнителен разумен износ.
Во случај на да времето на утовар и/или истовар е неадекватно – без
разлика на причината за тоа – сите произлезени трошоци од тоа како лежарини, денгуби и др. треба да ги сноси Клиентот. Трошоците од посебна природа и повисоки дневници кои произлегуваат кога превозниците (на основа на важечки прописи или договори) утовараат или истоварат навечер, сабота или недела, или празници, не треба да се се вклучени во договорната цена, доколку не е поинаку утврдено. Било кој од овие трошоци треба да биде исплатено од Клиентот према Шпедитерот. |
|
|
|
 |
|
 |
|
 |
|
 |
|
 |
 |
 |
 |
Налогодавецот треба да плати на Шпедитерот за договорениот износ и сите произлезени трошоци како возарина, царина и др. трошоци кои произлегуваат од договорот и/или овие улови, при пристигање но пред финална испорака на стоката која е примена или испратена. Ризикот за промена на девизниот курс ја сноси налогодавецот. Договорениот износ и другите произлезени трошоци возарини, права итд, произлезени од договорот и/или овие улови исто така треба да бидат наплатени доколку за време на извршување на договорот настане штета. Ако, во спротивно од Параграф 1 од ово член, Шпедитерот дозволи одложено плаќање, Шпедитерот е надлежен да побара дополнителни трошоци за лимитот на кредитот. Ако Клиентот не го плати веднаш доспеаниот износ во дадениот рок , шпедитерот има овластување да побара законска камата. Во случај на откажување на договорот, сите побарувања на шпедитерот, вклучувајки ги и идните побарувања, треба да бидат наплатени во целост. Клиентот треба секогаш да е обврзан да го покрие Шпедитерот за износ кој ке биде дополнително побаран од надлежните органи во врска со налогот, како и релативните казни против Шпедитерот. Клиентот е исто така должен да ги исплати износите на Шпедитерот доколку трета партија ангажирана од Шпедитерот побара наплата во рамките на Шпедитерскиот договор. Клиентот трегба секогаш да го надомести Шпедитерот за секој износ како и за дополнителните трошоци кои можат да бидат побарани од Шпедитерот во врска со налогот како резултат на погрешно аплицирани возарини или трошоци.
Доколку Клиентот подолго време не си ги подмирува своите обврски, Шпедитерот го задржува своето право за ретенција – задржување на определна пратка се до моментот на исплата на заостанатите побарувања. |
|
|
|
 |
|
 |
|
|
|
|
 |
|
 |
|
 |